Репрезентацијата на Полска не покажа ништо на овој Мундијал.
Една од селекциите кои веќе немаат никакви шанси за пласман во следната фаза е и селекијата на Полска.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Очајно одиграа против Сенегал, па мораа да се „вадат“ против Колимбија и тоа не им успеа.
Одиграа можеби и полошо од првиот натпревар и беа поразени од 3:0, а по загубените шанси се огласи првата ѕвезда на оваа селекција, Роберт Левандовски.
Според него тој не е главен виновник.
„Јас сум напаѓач кој живее од асистенциии. На овој Мундијал немав шанса да постигнам гол“, изјави Левандовски.
Очигледно Левандовски ги обвинува соиграчите за неуспехот и за фактот што не постигна ниту еден гол.