Дома Топ вести Левандовски е најдобриот голгетер во светот!

Левандовски е најдобриот голгетер во светот!

Aко се водиме според статистиката Роберт Левандовски е најдобар напаѓач во светот.

Левандовски постигна два гола во победата над Олимпијакос (2:3) и ако ги пресметаме и репрезентативните натпревари полскиот напаѓач оваа сезона постигнал 21 гол на 17 натпревари.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Оваа календарска година ниту еден друг напаѓач  не постигнал толку голови како Левандовски. На 36 натпревари постигна исто толку голови. Меси исто така на 36 натпревари има 32 гола на свото конто.

Оваа сезона за Баерн на 13 настапи има 18 голови, шест повеќе од најблискиот до него кога во прашањето топ пет првенства во Европа. Мрежата не успеа да ја погоди против Борусија Дортмунд во Суперкупот.

До сега постигна два хет-трика, еден во дресот на Баерн, а друг во репрезентацијата на Полска.

Со вчерашните два гола стигна до бројката од 57 гола вкупно во Лигата на шампионите и сега е петти на листата најдобри стрелци. Лидер на таа листа е Кристиано Роналдо со 127 гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ракун прекина фудбалски натпревар🎥

На мечот од МЛС меѓу Филаделфија Унион и Њујорк Сити, ракун се појави на теренот. Фудбалер…