Дома Фудбал Лига на шампиони Левандовски го обвини Ковач за фијаското на Баерн против Ливерпул

Левандовски го обвини Ковач за фијаското на Баерн против Ливерпул

Нешто не е во ред во екипата на Баерн, иако во Бундес лигата започнаа да играат подобро.

Напаѓачот на Баерн, Роберт Левандовски индиректно го обвини тренерот Нико Ковач за поразот во реваншот од осминафиналето.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Тој смета дека погрешната тактика влијаела на тоа Баерн да биде елиминиран од „црвените“, а клубот за прв после осум години го заврши настапот во најелитното европско натпреварување пред четвртфиналето.

Во првиот натпревар на „Енфилд“ беше 0:0, додека Англичаните славеа на „Алијанц Арената“ во реваншот со 1:3. Во текот на целиот натпревар можеше да се добие впечаток дека Баерн е слаб во нападот, дури и погодокот беше автогол на Матип.

„Во Англија не ризикувавме воопшто, не се обидовме да постигнеме гол. Сега исто така. Не бевме офанзивни, не се трудевме да создадеме шанси. Тоа беше главниот проблем. Игравме на домашен терен, но не ја игравме нашата игра, бевме премногу дефанзивни, затоа и изгубивме. Лут сум поради тоа, знам дека можевме подобро“, изјави Левандовски.

Беше јасно дека не што не оди во играта на Баерн кога Ливерпул поведе со 2:1, Баерн продолжи да се брани, додека Ковач тоа мирно го гледаше од клупата.

https://www.youtube.com/watch?v=xtNGeRjnNWE

Ливерпул утре на ждрепката за четвртфиналето ќе го добие својот противник, а освен „црвените“ место обебедија: Јувентус, Барселона, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Ајакс, Порто и Тотенхем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Парехо: И мене ме нарекуваа пијаница, па не се расправав со навивачите како Винисиус

Фудбалерот на Виљареал, Даниел Парехо, го критикуваше однесувањето на Винисиус, кој не мож…