Дома Фудбал Останато Левандовски: Горд сум на наградата, најтешко е да останеш на врвот

Левандовски: Горд сум на наградата, најтешко е да останеш на врвот

Голгетерот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски ги сподели емоциите откако беше избран за најдобар фудбалер во светот за 2020 година по изборот на ФИФА.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Многу сум среќен и се гордеам на постигнатото. Ова е голем ден не само за мене, туку и за моите соиграчи. Наградата е за сите во клубот, чуството е фантастично“, истакна Левандовски.

Меси и Роналдо играат на највисоко ниво со години, а јас сум сега рамо до рамо со нив. Ова значи дека цела напорна работа се исплатеше, нешто што немаше да го остварам без мојот тим, без моите соиграчи од Баерн Минхен. Тие се луѓето кои креираат шанси за мене и кои ме донесоа до тука. Најтешко е да се остане на врвот, јас и Баерн се стремине токму за тоа“, додаде Полјакот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Интер ќе понуди нов договор на Димарко

Интер планира да го продолжи договорот на дефанзивецот Федерико Димарко, според новинарот …