Дома Фудбал Левандовски вечерва го руши рекордот на Роналдо

Левандовски вечерва го руши рекордот на Роналдо

Голгетерот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски има шанси вечерва да го сруши рекордот на Кристиано Роналдо.

Баерн вечерва ја започнува одбраната на титулата против Атлетико Мадрид, а ударна игла во нападот повторно ќе биде Левандовски.

Минатата сезона Баерн сруши рекорд во Лигата на шампиони и стана првиот тим кој станал шампион со сите победи во таа сезона.

Нивната „низа“ од 11 победи може да биде продолжена, а вечерва додатен мотив ќе има и Роберт Левандовски.

Полјакот може да стане првиот фудбалер во историјата кој ќе постигне 10 голови во низа во групната фаза.

Моментално рекордот го држи Кристиано Роналдо со 9 гола во периодот од 2012 до 2014 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шведска преживеа драма за елитата, Данска ја порази Португалија без Роналдо

Швеѓаните победија со 3-2 и покрај налетот на БиХ во второто полувреме. Австрија исто така…