Дома Фудбал Германија Левандовски: Вака ми се заблагодаруваат што со години играв повреден и болен

Левандовски: Вака ми се заблагодаруваат што со години играв повреден и болен

Роберт Левандовски е крајно разочаран од однесувањето на Баерн Минхен после неговото барање за трансфер.

Левандовски е одлучен во намерата да го напушти Баерн и да се пресели во Барселона, иако има уште една година од договорот со Баварците.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Баерн ќе го пушти само доколку Барселона плати 50 милиони евра и веќе одби три понуди од Каталонците, последната тешка 40 милиони евра.

Левандовски не крие дека е револтиран и разочаран од односот на Баерн и од ситуацијата во која се наоѓа.

„Откако поминав толку години во клубот и секогаш бев подготвен и достапен, играв болен и повреден, и секогаш го давав максимумот, единствената вистинска работа би било да се најде решение за двете страни, а не да се инсистира на еднострано решавање на проблемот“.

„Едноставно нема смисла, не после сите овие години. Би разбрал ако бев во Баерн две или четири години, но по толку трофејни години во кои помогнав клубот да победува, почитта и лојалноста треба да бидат поважни од бизнисот“, изајви Левандовски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Баерн Минхен ја купува ѕвездата на Лајпциг

Манчестер Јунајтед и Баерн Минхен на лето ќе водат голема битка за ѕвездата на Лајпциг и ш…