Дома Фудбал Репрезентации Левандовски: Ако не одиграме на високо ниво Македонија може да ни направи проблеми

Левандовски: Ако не одиграме на високо ниво Македонија може да ни направи проблеми

Првиот напаѓач на Полска, Роберт Левандовски и најдобриот стрелец во германската Бундес лигата предупреди дека Македонија може да им создаде проблеми во претстојниот натпревар на 7-ми јуни.

Напаѓачот на Баерн Минхен порача дека неговите соиграчи мораат да одиграат на највисоко ниво ако сакаат да стигнат до триумф во следните два натпревари. Полска игра со нас, а потоа ги очекува натпревар против Израел.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


„Пред нас се два тешки натпревари, посебно гостувањето во Скопје. Македонија во последниот период покажа дека знае и тоа како да биде опасна на домашен терен. Доколку не бидеме сконцентрирани и максимално спремни може да се најдеме во проблеми. Со добри резултати на овие натпревари на сите ќе им покажеме дека одиме по правилниот пат“, изјави Левандовски.

Левандовски зад себе има фантастична сезона и на македонските дефанзивци сигурно нема да им биде лесно против еден од најдобрите голгетери во светот, сепак ние веруваме дека добрата форма со која игра репрезентацијата ќе продолжи и во овој натпревар.

Ќе потсетиме, три дена после натпреварот со Полска Македонија ја очекува натпревар против Австрија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Навивачите на Динамо во Лигата на шампионите ќе навиваат за Црвена Звезда

Екипата на Црвена Звезда последниот натпревар во Лигата на шампионите ќе го игра на домаше…