Дома Останати Кошарка НБА Леброн во Лејкерс на 39 години постави рекорд во тројки

Леброн во Лејкерс на 39 години постави рекорд во тројки

Tимот на Лос Анџелес Лејкерс им се врати на победите откако го совлада Бруклин со 116:104.

Најдобар на теренот беше Леброн Џејмс кој и покрај тоа што има 39 години се уште може да игра на највисоко ниво.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


„Кралот“ го заврши натпреварот со 40 поени. Посебно расположен беше Леброн во обидите за три поени во кои имаше 9/10 и тоа е нешто што не му успеало на никој претходно во историјата на франшизата.

Исто така Леброн е само вториот во историјата на Лејкерс кој барем двапати постигнувал по најмалку девет тројки. Пред него тоа му успеа на Коби Брајант кој тоа го направил четири пати.

Покрај Леброн, се истакнаа уште Ентони Дејвис со 24 поени и 14 скока и Руи Хачимура со 20 поени и 10 скока. Кај Бруклин, најефикасен беше Томас со 30 поени.

НБА РЕЗУЛТАТИ:
Денвер – Кливленд 130-101
Бруклин – ЛА Лејкерс 104-116
Шарлот – ЛА Клиперс 118-130
Торонто – Филаделфија 120-135
Вашингтон – Мајами 107-119
Хјустон – Далас 107-125
Минесота – Чикаго 101-109
Њујорк – Оклахома 112-113
Сан Антонио – Голден Стејт 113-117
Сакраменто – Јута 117-106

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

МЗТ: Не сме маалски клуб, нема да дозволиме да се шират лаги и невистини!

Екипата на МЗТ Скопје поминува низ еден тежок период, а клубот сега се огласи со соопштени…