Дома Фудбал Ла Лига не признава дел од приходите на Барса, новите не можат да бидат регистрирани

Ла Лига не признава дел од приходите на Барса, новите не можат да бидат регистрирани

Десет дена пред почетокот на новата сезона во Шпанија, Барселона се уште не моѓе да ги регистрира новите засилувања.

Причината за тоа е што раководството на Ла Лига не признава дека од пријавените приходи на каталонскиот клуб. Разликата е во размер од 150 милиони евра.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Пред извесно време Барселона продаде 25% од ТВ правата во рок од 25 години и клубот од таа зделка доби 517 милиони евра. Клубот во документите објави вкупен приход од 667 милиони евра, но комисијата на Ла Лига не ја признава целата сума.

Тоа значи дека Барселона треба да најде уште 150 милиони евра за да ја покрие разликата, а нема многу време да го направи тоа.

Барселона не може да ги регистрира 5-те нови засилувања (Кеси, Кристенсен, Рафиња, Левандовски и Кунде) како и фудбалерите со нови договори како Дембеле.

На овие фудбалери им беше дозволено да настапуваат на пријателски дуели, но нема да можат да играат на првиот меч од Ла Лига следниот викенд ако Барселона не успее да го реши проблемот до тогаш.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фотографија која го обележа финалето во Лигата на Европа 📸

Вчера во финалето од Лигата на Европа Аталанта го победи Баер Леверкузен за кого ова беше …