Дома Трансфер зона Ла Лига го поставила условот до Барселона за враќање на Меси

Ла Лига го поставила условот до Барселона за враќање на Меси

Сагата околу враќањето на Лионел Меси изгледа дека станува се поинтересна како што сезоната се наближува кон својот крај.

Изминатата вечер каталонските медиуми објавија наводен одговор од Ла Лига за финансиски план за враќање на Аргентинецот. Според последните информации, првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас е отворен за враќање на шпанскиот фудбал, но нема да ги менува правилата поради аргентинскиот фудбалер.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поради тоа, Барселона добила одговор дека мора да инкасира 100 милиони евра од продажба на играчи и тоа до 1. јули.

Пресекот на финансиската година е од 1. јули до 1. јули и за Барса да може да функционера според планот мора да ги израмни сметките со заработка од 100 милиони евра.

Ансу Фати, Феран Торес и Франк Кеси се играчи од кои Лапорта и Чави сакаат да аработат, н опрашање е дали тие трансфери може да се реализираат до 1. Јули. Проблем е што ниту еден од овие тројца не сака да замине.

Поради тоа се добива впечаток дека заминување на Рафиња е пореална опција. Бразилецот наводно го променил мислењето и спремен е да замине ако клубот тоа го побара од него. Неговата цена веројатно би била помеѓу 80 и 90 милиони евра.

Извесно е и дека Барселона ќе сослуша понуди за Маркос Алонсо и Ерик Гарсија кои се резервисти, но тие немаат некоја голема вредност.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Левандовски: Зошто би заминал од Барселона?

Полскиот напаѓач, Роберт Левадовски порача дека не размислува за заминување од Барселона, …