Раководството на Лацио нема да ја иксористи опцијата за откуп на португалскиот репрезентативец Луис Нани, пренсува „Газета дело Спорт“.
Нани оваа сезона игра на „Олимпико“ како позајмен фудбалер од Валенсија, но не ги убеди „орлите“ да го задржат во тимот и следната сезона.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Иако на Лацио му оди многу добро оваа сезона Нани има мали заслиги за тоа, бидејќи оваа сезона Португалецот беше стартер само на два натпревари во Серија А. Нани оваа сезона во сите натпреварувања има постигнато три гола и две асистенции.
Лацио може да го откупи Нани за 8 милиони евра на крајот на сезоната, но римскиот клуб веќе донел одлука да го врати фудбалерот во Валенсија по истекот на сезоната.