Дома Фудбал Лига на шампиони Лацио – Реал: Кога ГРАНДЕ ПАНДЕВ два пати го матираше Икер и ги поништуваше головите на Ван Нистерлој! (ВИДЕО)

Лацио – Реал: Кога ГРАНДЕ ПАНДЕВ два пати го матираше Икер и ги поништуваше головите на Ван Нистерлој! (ВИДЕО)

За Горан Пандев нема потреба да се трошат зборови што значи за нашиот фудбал, а денес во деновите кога нема спортски случувања ќе ве потсетиме на еден од неговите најлегендарни натпревари во кариерата.

Пандев имал многу блескави моменти во кариерата, а секако еден од најблескавите беше оној против Реал Мадрид во Лигата на шампионите во сезоната 2007/2008. Пандев тогаш два пати го матираше Касиљас и беше главен виновник што „кралевите“ од „Олимпико“ си заминаа со 2:2. На спротивната страна два гола за шпанскиот гигант постигна Руд Ван Нистерлој.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Натпреварот се отвори во осмата минута кога Ван Нистерлој во негов стил од близина на петерецот со глава го совлада Балота за 0:1.

Првата ерупција на „Олимпико“ се случи во 32. минута. Топката стигна до Стендардо кој одлично со глава го пронајде Пандев, а Гоче во стил на голем стрелец шутираше на прва и ја смести топката зад грбот на немоќниот Икер Касиљас кој остана „закован“ во место.

Пандев беше маестрален на овој натпревар и ако Роки подобро реагираше ќе имаше и една супер асистенција. Во една ситуација Пандев испрати топка со очи, Роки се најде сам пред Касиљас, но шутираше во надворешниот дел од мрежата.

Потоа како што вообичаено се случува во фудбалот следуваше казна. Во една контра Ван Нистерлој се најде во ситуација еден на еден и не пропушти да реализира за 1:2. Меѓутоа наш Гоче го немаше кажано последниот збор.

Лацио имаше напад, а Пандев превзема се во свој раце. Од пред работ на шеснаесетникот одлично со дриблинг со тело го измести својот чувар шутираше, а големиот Касиљас одново беше немоќен за конечни 2:2.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Роналдо се враќа во Европа!? Позната и следната дестинација

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Кристијано Роналдо, моментално настапува за …