Српскиот репрезентативец Сергеј Милинковиќ-Савиќ последните две сезони игра фантастично во дресот на Лацио и се етаблираше како еден од најдобрите играчи за врска во Европа.
За него силен интерес покажуваат многу европски гиганти меѓу кои Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед, ПСЖ, Јувентус…
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Спортскиот директор на Лацио, Игли Таре потврди дека уште во текот на летниот преоден рок добиле понуда од 70 милиони евра за Србинот.
„Минатото лето добивме понуда од 70 милиони евра за Сергеј, но ја одбивме без размислување. Сакаме Лацио да има силен тим, а тој е еден од најважните играчи во тимот. Се уште има шпекулации, но важно е дека Сергеј се уште е наш фудбалер“, изјави Таре.