Ѕвездата на Лацио, Сегер Милинковиќ-Савиќ е главна трансфер цел на неколку европски гиганти и неговата цена во моментов е поголема од 100 милиони евра.
Претседателот на Лацио, Клаудио Лотито потврди дека клубот одбил понуда „тешка“ 110 милиони евра и дека тој што го сака Милинковиќ-Савиќ ќе треба да плати повеќе од таа сума.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Можам само да ви кажам дека одбив понуда за Милинковиќ Савиќ од 110 милиони евра минатиот август. Колава е сега неговата цена? Не знам, но знам дека 100 милиони евра нема да бидат доволни за да го пуштиме“, изјави Лотито.
„Се лутам кога луѓето велат дека Лацио е супермаркет. Ниту еден играм моментално не е на продажба. Пред неколку години големите клубови доаѓаа овде и ги земаа најдобрите играчи, сега повеќе не е така“, заклучи Лотито.