Италијанските медиуми пренесуваат дека Лацио и Милан спремаат голема трампа на своите ѕвезди во летниот преоден рок.
Лацио е силно заинтересиран за капитенот на Милан, Алесио Ромањоли и веќе стапил во контакт со „росонерите“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Ромањоли на лето влегува во последната година од договорот и се уште не ја продолжил соработката со „росонерите“. После доаѓањето на Томори, тој повеќе не е недопирлив, па Милан е спремен да го продаде доколку пристигне добра понуда.
Сега Малдини сака да ја искористи ситуацијата и интересот од страна на Лацио за на „Сан Сиро“ да го донесе Сергеј Милинковиќ-Савиќ.
Лацио е спремен на лето да го продаде СМС и за неговата слобода бара најмалку 60 милиони евра, а цената на Ромањоли во моментов изнесува 40 милиони евра.
Италијанските медиуми пренесуваат дека двата клуба би можеле да договорат трампа помеѓу двајцата фудбалери.