Дома Трансфер зона Лацио за иднината на Милинковиќ Савиќ: Не сме добиле никаква понуда

Лацио за иднината на Милинковиќ Савиќ: Не сме добиле никаква понуда

Италијански Лацио се уште не добил ниту една понуда за репрезентативецот на Србија, Сергеј Милинковиќ Савиќ.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Многу се пишува за иднината на фудбалерот кој одигра фантастична сезоната во Рим. Савиќ најмногу се поврзуваше со Манчестер Јунајтед, Јувентус и ПСЖ.

Сега за иднината на фудбалерот зборуваше директорот Игли Таре.

„Не успеавме да се пласираме во Лигата на шампионите, но тоа не ги менува работите, мораме да продолжиме да напредуваме. Мораме да создадеме одлични услови за тренерот Инзаги.

Приказната со Сергеј не е од вчера, туку од пред две години. Зборуваме за фудбалер кој заслужи се што му се случува“.

Таре истакна и дека до овој момент не пристигнала понуда за неговите услуги.

„Не сакам да зборувам за бројките, пазарот не се заоснова на „ако и можби“. Во овој момент не сме добиле понуда, а кога ќе стигне ќе донесеме одлука“, изјави спортскиот директор на клубот од Рим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…