Дома Останати „Лауреус“ награди: Федерер најдобар кај мажите, Серена кај жените, спортски момент – пехарот на Чапекоенсе

„Лауреус“ награди: Федерер најдобар кај мажите, Серена кај жените, спортски момент – пехарот на Чапекоенсе

federer

Роџер Федерер е најдобар спортист, а Серена Вилијамс најдобра спортистка во годината која е зад според изборот на фондацијата „Лауреус“.

Федерер кој одигра неверојатно во 2017 година го доби своето шесто признание од оваа фондација со што зацврсти својот рекорд кога е овој избор во прашање.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Швајцарецот неодамна се врати на првото место на АТП листата, а доби и награда за „враќање на годината“ бидејќи го пропушти целиот втор дел од 2016 година поради повреда на коленото и грбот.

На денешната церемонија престижното признание во Монако му го предаде Борис Бекер.

Во женска конкуренција победничка беше Серена за која ова беше четврти пат во кариерата. Серена одигра само еден турнир и истиот го освои – Австралија Опен и покрај тоа што беше во вториот месец од бременоста.

За најдобар спортски момент е прогласен чинот направен псоле авионската несреќа која му се случи на фудбалскиот клуб Чапекоенсе, кога му беше доделен пехарот без да го одиграат финалето на Купа Судамерикана.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Погледнете ја неверојатната трка на 16-годишното момче. Коментаторот: Дами и господа, ова е историја

Австралискиот тинејџер Гут (16) трчаше 100 метри за 10,04 секунди и победи на атлетското п…