Дома Фудбал Англија Лампард ќе има состанок со Абрамович на неговата луксузна јахта (фото)

Лампард ќе има состанок со Абрамович на неговата луксузна јахта (фото)

Френк Лампрад е најголем фаворит да седне на празното тренерско столче на „Стенфорд Бриџ“ после заминувањето на Маурицио Сари.

Иако сопственикот на Дерби, Мел Морис нема намера да го пушти својот тренер, сепак преговорите помеѓу Лампард и Челзи се во напредна фаза.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Имено, сопственикот на Челзи, Роман Абрамович го повикал Лампард на состанок и то на неговата неговата луксузна јахта „Еклипс“, која се проценува на 380 милиони фунти.

Рускиот милијардер пристигнал во Сен Тропе и го поканил Лампард на состанок кој треба да се одржи до крајот на оваа седмица.

Според договорот кој го има Лампард со Дерби, „сините“ ќе треба да платат компензација од 4 милиони фунти, сума која нема да преставува проблем за Абрамович.

Поради тоа медиумите тврдат дека на состанокот, сопственикот и легендата на Челзи само треба да ги договорат последните детали од соработката.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Две асистенции на Гулер, проектил од Родриго и нов кикс на Реал во меч со шест голови (Видео)

Фудбалерите на Реал Мадрид играат многу ефикасни натпревари оваа сезона, но често им изост…