Дома Фудбал Англија Лампард ја даде првата изјава по враќањето во Челзи

Лампард ја даде првата изјава по враќањето во Челзи

Френк Лампард денес беше промовиран во нов тренер на Челзи, а клупската легенда на „сините“ ја даде и првата изјава по промоцијата.

Во Челзи Лампард добива втора можност откако веќе еднаш ги водеше „сините“ од клупите. Лампард не сакаше да гледа премногу далеку и само потврди дека тој засега тука е привремено и ќе се обиде да ја извршува работата најдобро што може.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


„Знам дека сите ве интересира колку долго ќе ја извршувам оваа улога, но статусот привремен менаџер најдобро го опишува тоа и сигурно ќе бидам тука во периодот кој претстои. Не гледам подалеку од тоа, сакам да ја извршам оваа функција најдобро што можам и ќе се обидам да имам влијание врз тимот во овој период. После тоа, ќе видиме што ќе се случи.

Мојот фокус е работата која ја имам во моментов и возбуден сум што се враќам во клубот. Со мојот стручен штаб, ќе работиме со овие играчи во кои гледам голем потенцијал. Го гледав натпреварот против Ливерпул во вторникот, има голем талент во овој тим и затоа сум тука“, порача Лампард.

До крајот на сезоната во Премиер лигата остануваат уште само девет натпревари, а но Челзи се уште е дел и од Лигата на шампионите каде што ќе игра четвртфинале против Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Дамата ги нагости граѓаните, Милан едвај, Барса го освои Дортмунд

Јувентус запиша голема победа и ја продолжи агонијата на Гвардиола, Милан едвај дојде до п…