Дома Фудбал Англија Лампард тврди: Кепа има иднина во Челзи

Лампард тврди: Кепа има иднина во Челзи

Менаџерот на Челзи, Френк Лампард тврди дека голманот Кепа Аризабалага има иднина на „Стенфорд Бриџ“.

Шпанецот ова лето пристигна во Челзи како најскап голман во историјата, но во последно време го загуби првотинскиот статус.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Лампард не е задоволен од неговите настапи, па предност му дава на ветеранот Кабаљеро, меѓутоа тврди дека Кепа има иднина во клубот.

„Во овој период Кепа беше таков професионалец, каков што очекував. Тренираше одлично, со наведната глава и не престануваше да го бодри тимот. Дали има иднина во Челзи? Да, секако. Секој играч си ја држи судбината во свои раце и зависи од тоа како игра и како тренира. Ние сме Челзи и на никој не може да му биде загарантирано местото во тимот“, истакна Лампард.

Запрашан со каков тим ќе излезе во утрешниот дуел со Ливерпул, Лампард одговори:

„Ќе изберам тим кој ќе направи се за да се пласира во следното коло“.



Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Секс скандал со фудбалерка – тренерот на Лестер доби отказ

Менаџерот на женскиот фудбалски клуб Лестер сити, Вили Кирк (45) е отпуштен откако со внат…