Дома Фудбал Останато Лампард се враќа на работа, ќе води лондонски клуб

Лампард се враќа на работа, ќе води лондонски клуб

Легендата на Челзи, Френк Лампард пред шест месеци доби отказ од кормилото на „сините“, но сега е спремен да се врати на тренерската работа.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Англиските медиуми пренесуваат дека Кристал Палас е сериозно заинтересиран за Лампард и смета дека ќе биде идеална замена за Рој Хоџсон.

Раководството на Кристал Палас веќе стапило во контакт со Лампард, кој е спремен да каже ДА, па преговорите се во напредна фаза.

Лампард на клупата на „сините“ беше 18 месеци, а во првата сезона успеа да избори пласман во Лигата на шампиони.

Тој не сака долго да биде без работа, па поради тоа ја прифатил понудата на лондонскиот клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Крај на приказната: Наполи се збогува со Елмас (Видео)

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас си заминува од Наполи откако денеска заврши позајм…