Дома Фудбал Англија Лампард призна дека е виновен и се спаси од казна!

Лампард призна дека е виновен и се спаси од казна!

Легендата на Челзи, Френк Лампард, кој во моментов е тренер на Дерби Каунти, се извлече само со парична казна после црвениот картон против Ротерам.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Лампард протестираше против една одлука на судијата, па доби црвен картон. Очекувано по натпреварот тој беше обвинет за непристојно однесување, но ја призна вината и беше казнет само со 2.000 фунти.

Вечерва сепак ќе биде на линија за дуелот на Дерби против Блекбурн и ќе може да седи на клупата.

„Ова е ново правило од оваа сезона со жолти и црвени картони за тренерите. Се лутам, бидејќи другите тренери редовно ги напуштаат зоните за да се расправаат со судиите, додека мене судијата побрза да ми покаже црвен картон. Тоа навистина е проблем, но можеби не е моја работа да се борам со тоа, туку тоа треба да го направи ФА“, изјави Лампард.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Фелипе Луис најде нов ангажман, првпат ќе биде тренер во Европа

Монако имаа тешка сезона зад себе. Едвај обезбедија место за настап во европските купови, …