Дома Фудбал Англија Лампард „пречкрта“ двајца фудбалери: Можат да си бараат нови клубови!

Лампард „пречкрта“ двајца фудбалери: Можат да си бараат нови клубови!

Френк Лампрад ова лето се врати во Челзи и потпиша 3-годишен договор како кормилар на „сините“.

Лампард е во незавидна ситуација бидејќи не може да прави трансфери, па сакаше на припремите да го има сите фудбалери, за да може да прави селекција.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англиските медиуми пренесуваат дека Лампард веќе „пречкртал“ двајца фудбалери и им порачал дека можат да си бараат нови клубови бидејќи нема да смета на нив.

Станува збор за играчите за врска Тиму Бакајоко и Дени Дринквотер, кои најверојатно ќе го напуштат Челзи до крајот на преодниот рок.

Дринквотер пристигна од шампионскиот тим на Лестер, но никогаш не се наметна како значаен играч во Челзи.

Бакајоко имаше добра сезона во Серија А во дресот на Милан, каде играше на позајмица минатата сезона. Меѓутоа Лампард му порача да си бара нов клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…