Дома Фудбал Лампард: Освоивте титула, но немојте да бидете арогантни

Лампард: Освоивте титула, но немојте да бидете арогантни

Френк Лампард му честиташе на Ливерпул за освоената титула во Премиер лигата, но испрати важна порака до „црвените“.

Лампард го призна поразот, но имаше вербален дуел со Клоп покрај аут линијата, а после мечот му порача да не биде арогантен.

„Многу работи не одеа во наш прилог. На пример јас сметам дека тоа не беше фаул од Ковачиќ. Сепак, тоа не значи дека имам проблеми со Клоп. Тој го води тимот фантастично и заслужено ја освои лигата. Но, сега не треба да станат премногу арогантни“, истакна Лампард.

Сепак, после мечот Лампард покажа дека е голем господин и му ја честиташе титулата на фудбалерите на Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вардар пропушти три можности, Силекс остана без гол поради офсајд

Силекс и Вардар заминаа на пауза без голови во Кратово, иако двете екипи имаа ситуации за …