Манчестер Сити вчера го победи Евертон на „Гудисон Парк“ со 0:1 во рамките од 27. коло во Премиер лигата.
Фил Фоден во 82. минута искористи една грешка во одбраната на Евертон и донесе водство, меѓутоа реакцијата која предизвика силни реакции се случи пет минутиподоцна.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Родри очигледно играше со рака во шеснаесетникот на Сити, но судијата Пол Тирни како и луѓето во ВАР собата проценија дека тоа не било пенал. Френк Лампард после натпреварот го искажа своето незадоволство од судењето.
„Одлуката беше неверојатно, веднаш можеше да се забележи дека тоа е пенал. Судијата требаше да биде повикан сам да ја види снимката. Топката го удри Родри во раката која му беше во неприрорфна положба. И ќерка ми која има три години знае дека тоа беше пенал“.
„Изгубивме бод поради професионалец кој поради системот не можеше да си ја врши работата како што треба. Судијата знаеше дека е пенал, а не можеше да ја види ситуацијата“, изјави Лампард.
Everton were denied a penalty after Rodri was deemed to have not deliberately handled the ball ❌ pic.twitter.com/XqpQ2uiRTb
— Sky Sports Premier League (@SkySportsPL) February 26, 2022