Дома Фудбал Англија Лампард искрено за Вернер: Ќе видам што со него

Лампард искрено за Вернер: Ќе видам што со него

Челси вчера одигра лош натпревар и беше поразен на гостувањето кај Арсенал со 3:1.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Единствениот гол за Сините го постигна Абрахам во 86. минута, а после натпреварот Лампард не ги поштеди своите играчи.

„Не бевме доволно добри во првото полувреме. Вториот дел беше подобар, но негативата беше преголема за да направиме нешто конкретно.“ – рече Лампард.

Тренерот на Челси даде коментар и за Вернер кој одигра катастрофално полувреме во поразот на својата екипа.

„Ќе видиме што со него. Слабата реализација е нешто поради што напаѓачите често се мета на сите. Тимо не ни даде доволно ниту со позед на топка, а ниту без неа. Му треба време. Ќе разговарам со него и ќе видам како се чувствува.“ – додаде Лампард.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Скандал: Фудбалер од Премиер лигата пишувал недолични пораки на 15-годишно девојче, клубот го исфрли од тимот!

Шпанскиот дефанзивец Алекс Хименез (21) се наоѓа во фокусот на сериозен скандал. Младиот и…