Коронавирусот направи големи проблеми во фудбалот, но екипата на Челзи и покрај тоа потроши повеќе од 200 милиони фунти на шест засилувања, а следен кој би требало да пристигне на „Стенфорд Бриџ“ е голманот Едуар Менди.
За разлика од Челзи, Ливерпул го купи само Костас Цимикас од редовите на Олимпијакос. Поради тоа Клоп ѓорача дека тој не може да троши како неговите ривали затоа што други клубови зад себе имаат цели држави или пак се во сопственост на олигарси.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Лампард не остана да молчи и му возврати на Клоп. Тој го потсети Клоп дека потрошиле цело богатство за да стигнат до титулата на која чекаа 30 години.
„Таа изјава на Клоп е смешна. Воопшто не е важно од кој бизнис доаѓаат сопствениците на клубовите, во Англија има прилично богати сопственици. Само титулата на Лестер е како од бајките сите други станаа шампиони со трошење многу пари. Ливерпул ги купи: Ван Дајк, Алисон, Фабиљо, Кеита, Мане, Салах…На нив потроши богатство“, изјави Лампард.