Најскапиот голман на светот, Кепа Аризабалага го загуби местото во првиот тим бидејќи менаџерот Френк Лампард не е задоволен од неговите изданија.
Изминатиот викенд Лампард одлучи да му даде шанса на ветеранот Вили Кабалјеро во дуелот против Лестер, а првиот избор Кепа седеше на клупата, а тоа најверојатно ќе се случува и во следниот период.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Лампард наводно влегол и во конфликт со директорите на клубот и сака да го исфрли Кепа од тимот и почнал да бара замена.
Поради тоа Лампард беше прашан дали Кепа ќе биде во стартниот тим во дербито против Манчестер Јунајтед.
„Веќе одлучив, но ќе дознаете во понеделник. Реакцијата на Кепа беше одлична, тренира добро. Не зборував со него оваа недела. Нема врска колку пари дал клубот за него, мене ме интересираат само тренинзите и настапите“, изјави Лампард.