Дома Фудбал Англија Лампард: Бевме во добра форма и за кратко се најдовме во лоша ситуација, загрижен сум

Лампард: Бевме во добра форма и за кратко се најдовме во лоша ситуација, загрижен сум

Meнаџерот на Челзи, Френк Лампард призна дека е загрижен поради ситуацијата во која се наоѓа неговата екипа.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Вчера Лестер го победи Челзи со 2:0 и тоа беше петти пораз за „сините“ во последите осум натпревари. Челзи сега се наоѓа на осмото место на табелата.

„Загрижен сум. Бевме во добра форма, а потоа за кратко време се најдовме во лоша ситуација. Пет порази во осум натпревари не се нешто што го сакаме. Потребно е да покажеме карактер за да се извлечеме. Не сум против играчите, тие се разочарани, млад тим сме и ова е голема лекција“.

Ќе добие ли отказ?

„Не одлучувам јас за тоа. Некои работи не можам да ги контролирам. Немам одговор на тоа прашање“, изјави Лампард.

Челзи наредниот натпревар го играп ротив Лутон во четвртата рунда од ФА Купот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Англија не покажа ништо од спектакуларниот фудбал од првиот натпревар

Откако во првиот натпревар прикажа исклучително спектакуларен и резултатски фудбал, денес …