Дома Трансфер зона Лаказет призна: Вистинско време е да го напуштам Лион!

Лаказет призна: Вистинско време е да го напуштам Лион!

Напаѓачот на Лион и француски репрезентативец, Александре Лаказет го привлекува вниманието на многу европски гиганти, па самиот призна дека следното лето ќе ја промени средината.

Лаказет неодамна потпиша нов четиригодишен договор со Лион, но вели дека е вистинско време да ја промени средината, а неговата изјава ќе биде аларм за клубовите од Премиер лигата кои веќе подолго време покажуваат интерес за него.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Мислам дека пристигна правиот момент за да заминам. Мислам дека следното лето ќе биде идеално време за промена. Сакам да искусам нешто ново. Секако, идеата како и секогаш е да продолжам да бележам прогрес како фудбалер и личност. Се надевам дека на лето ќе ми се укаже добра шанса“, изјави Лаказет.

Лаказет и оваа сезона игра одлучно и веќе има постигнато 18 гола во француската лига, а Лион е спремен да го продаде но само доколку некој клуб понуди повеќе од 45 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…