Дома Македонски спорт Мак ракомет Лазаров: Ќе беше предавство кон Македонија ако прифатев да играм за Хрватска или Унгарија

Лазаров: Ќе беше предавство кон Македонија ако прифатев да играм за Хрватска или Унгарија

Кире Лазаров го одигра и последниот натпревар во играчката кариера, а за неговата пензионирање од терените пишуваа сите светски медиуми.

Реномираниот „Мундо Депортиво“ направи и интервју со Лазаров во кое се зборуваше на разни теми. Лазаров откри и дека додека бил во Загреб и Унгарија, федерациите на овие земји му нуделе можност да игра за нивните селекции.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Во ниту еден момент Лазаров не размислувал потврдно да одговори на таквите понуди за него тоа би било предавство кон Македонија.

„Не размислував, тоа беше нешто што не чувствував дека треба да го направам, а ако не чувствувате или не сте мотивирани тогаш немојте да го правите. Знаев дека ако играв за тие репрезентации ќе освојував медали и титули, сепак тоа ќе беше и предство кон мојата земја и затоа никогаш не прифатив“, изјави Лазаров.

Со репрезентацијата на Македонија Лазаров настапи на 12 големи натпреварувања и беа пропуштени две прилики за пласман на Олимписките игри. На последното Европско првенство во Унгарија и Словачка поради повреда ја водеше Македонија само како селектор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

МЗТ: Не сме маалски клуб, нема да дозволиме да се шират лаги и невистини!

Екипата на МЗТ Скопје поминува низ еден тежок период, а клубот сега се огласи со соопштени…