Дома Македонски спорт Мак ракомет Лазаров: Треба да поправиме од се по нешто

Лазаров: Треба да поправиме од се по нешто

Maкедонската ракометна репрезентација денес претрпе пораз од Португалија во Скопје, прв во квалификациите за ЕП.

Селекторот Лазаров после мечот беше разочаран и истакна дека мора да се поправат многу аспекти, но призна дека Македонија не можела физички да и парира на Португалија.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Ни недостасуваше фокус и концентрација, а тоа се добива само со играње на вакви натпревари. Треба да поправиме од се по нешто, она што беше очигледно е дека доминираа со корпулентност. Загубивме доста дуели, дефицитирани бевме на пивот позицијата, нивните двајца пикери играат во Барселона и Порто“.

„Сепак, најважно е да се пласираме на Европското првенство, против Турција и Луксембург сме фаворити. Во денешно време не можете да победите лесно на ниту еден натпревар. Не чека вториот натпревар со Португалија ќе одиме да одиграме квалитетно и тој натпревар ќе ни послужи за поголемо искуство во иднина“, изјави Лазаров.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Лина Ѓорческа не успеа да ја изненади 40. тенисерка во светот

Македонската најдобра тенисерка Лина Ѓорческа претрпе елиминација од Челинџер турнирот во …