Дома Македонски спорт Мак ракомет Лазаров по победата против Црна Гора: Одлична проверка

Лазаров по победата против Црна Гора: Одлична проверка

Македонската ракометна репрезентација денес ја победи Црна Гора во пријателски натпревар во Стара Пазова. Во договор на двете страни средбата се одигра во три полувремиња.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Првото полувреме Македонија го доби со 22:17, а по 60 минути игра резултатот гласеше 39:37. Двајцата селектори се договорија да одиграат и дополнителни 30 минути со цел да се испробаат сите тактички замисли.

Селекторот Кирил Лазаров беше задоволен од тоа што го виде од ракометарите

„Одлична проверка за нашиот национален тим со сериозен противник кој располага со одлични играчи кои играат во одлични клубови. Резултатот на мечот воопшто не беше важен, идејата беше да го спроведеме сето она што го работевме на подготовките.

Момците денеска беа одлични, особено во борбеноста и нивната желба со која влегоа на овој пријателски натпревар.

Играчите ќе добијат заслужен одморот. Со работа продолжуваме на 2. јануари“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …