Дома Македонски спорт Мак ракомет Лазаров: Изненаден сум од одлуката на Хансен

Лазаров: Изненаден сум од одлуката на Хансен

Селекторот на Македонија, Кирил Лазаров истакна дека е изненаден од одлуката на Микел Хансен да се пензионира на крајот од сезоната.

Иако Хансен е во повозрасни години се уште игра во одлична форма и на високо ниво, па затоа и Лазаров е изненаден што ја завршува кариерата во воој момент.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Бев изненаден од одлуката на Хансен да ја заврши кариерата. Не очекував толку рано да се одлучи на ваков потег. Тој во моите очи играше на високо ниво, како во клубот така и во репрезентацијата. Микел е еден автентичен и препознатлив играч, дефинитивно еден од најдобрите на сите времиња.

Можеби играчот со најдобро техниички изработен шут и додавање во историјата. Кога го гледаш како игра ракометот ти изгледа како едноставна игра, но не е така“, изјави Лазаров.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Ливерпул ја купува ѕвездата на Аталанта

Ливерпул е сериозно заинтересиран за ѕвездата на Аталанта и холандски репрезентативец, Туе…