Дома Македонски спорт Лазаров за хрватските медиуми: Лино е неверојатен, треба да му верувате

Лазаров за хрватските медиуми: Лино е неверојатен, треба да му верувате

Maкедонскиот капитен Кире Лазаров пред денешниот натпревар со Русија имаше интервју за хрватски „Индекс“.

Нашиот капитен од страна на Хрватите е претставен како единствениот ракометар со над 1.000 голови. Кире смета дека Червар со Хрватска може да стигне далеку.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Шпанците имаат иста тактика со таа стана и европски шампиони, но Хрватска целосно ги надигра. Шпанците немаа идеја, Червар целосно ги надмудри, а беше убаво да се гледа как оигра Дувњак. Тој е еден голем ракометар. Хрватските медиуми тврдат дека Хрватска е слаба, но тоа нема врска тие се силна репрезентација. Морам да го пофалам Червар кој постојано пронаоѓа млади ракометари и брзо ги прави ѕвезди. Лино е еден од најдобрите тренери во историјата и треба да му верувате“.

Лазаров после го прокоментира и настапот на Македонија.

„Едноставно не се покажавме во најдобро светло, потфрливме. Имаме млад тим со неколку поискусни ракометари. Победивме на два натпревари, а со посилните бевме рамноправни во поголем дел од натпревар. Со Хрватска се надигрувавме 50-тина минути. Со ваков краток ростер тешко е да се игра 60 минути“, изјави Лазаров.

Целото интервју на Лазаров можете да го прочитате ТУКА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Гоце Георгиевски останува во Вардар!

Десното крило на Варар Гоце Георгиевски ќе остане во таборот на црвено-црните уште една се…