Ракометарите на Македонија синоќа одиграа спектакуларен натпревар и со победа од осум разлика (34:26) успеаа да ја надополнат негативата од седум гола од Торшван и да се пласираат на Мундијалот.
По натпреварот селекторот Лазаров секако беше презадоволен од изданието на неговите ракометари
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Сакам да се заблагодарам на публиката која дојде да ни даде поддршка. Среќен сум што можам да кажам дека го одигравме најдобриот натпревар, со целосна контрола на играта, без судиска поддршка во текот на мечот против квалитетна репрезентација. Уште пред да играме, повеќе пати давав изјави за квалитетот на Фарски Острови, но сите сметаа дека тоа е алиби доколку изгубиме. Им благодарам на играчите кои веруваа и се вратија од еден лош резултат.
Игравме слабо, но имаше и други фактори кои придонесоа за тоа. Ова е нова репрезентација без Стоилов, Миркуловски и останатите. Друго е квалификации на ЕП, друго е бараж за СП. Горд сум на моите ракометари, сменивме многу работи. Таков е нашиот менталитет, не знаеме да почитуваме како Македонци, меѓутоа имаме големо срце. Немам коментар за критичарите, ова е уште еден среќен ден во мојот живот“, изјави Лазаров.
Светското првенство се игра од 14. јануари до 2. февруари 2025 година во Хрватска, Данска и Норвешка.