Бранителот на трофејот во купот, Македонија Ѓорче Петров е последниот четвртфиналист откако денес во Прилеп славеше против Победа со 0.2.
Победата на „лавовите“ беше најавена уште после пет минути игра откако Емир Скендери го отвори резултатот. Веќе во 19. минута преку Ермедин Адем, „лавовите“ поведоа со 0:2 и така ја најавија победата. До крајот видовме уште неколку прилики, но резултатот не се промени.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Овој дуел требаше да се игра пред две недели, но се одложи поради настапот на младинскиот тим на Победа во младинската ЛШ. Четвртфиналисти од претходно се: Академија Пандев, Шкендија, Шкупи, Вардар, Струга Трим Лум, Брегалница и Силекс.
Фото: ФК Македонија Ѓорче Петров