Oсвојувачот на Купот на Македонија Ѓорче Петров ќе се сретне против ЦСКА Софија во второто коло од Конференциската лига.
„Лавовите“ директно се пласираа во второто коло поради суспензијата на руските клубови добија противник кој ќе ја има фаворитската улога, но секако дека може да се победи.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Поради добро познатите политички односи ова повтрорно ќе биде ново „балканско дерби“, откако македонската фудбалска репрезентација одигра реми во Разград со Бугарија 1:1, а не очекува меч дома со Бугарија во септември.
Првите натпревари ќе се играат на 21. јули, домаќин ќе биде ЦСКА Софија, реваншот ќе биде една недела подоцна.
Фото: ФК Македонија Ѓорче Петров