Кардиф сака да знае што точно се случило и дали некој стои зад оваа голема трагедија.
Клубот од Велс од францускиот клуб бара одговори на повеќе прашања.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Аргентинскиот фудбалер Емилијано Сала го загуби животот во падот на авионот на 21-ви јануари над Ла Манаш. Погребот на Сала беше одржан во саботата во неговиот роден град Прогресе во Аргентина. Телото на пилотот Дејв Иботсон се уште не е пронајдено.
Кардиф ја стопираше уплатата и сака да знае што точно се случило. Тие исто така се грижат затоа што други страни можеби имале финансиски интерес од трансферот на напаѓачот.
Исто така испраќаат порака до ФИФА и ФА да започнат сопствена истрага поради околностите во кои се случи трагедијата.
Кардиф ќе му ја плати сумата на Нант, но откако ќе ги добие одговорите на следните прашања.
1. Дали Сала беше играч на Нант кога се качил во кобниот лет?
2. Кој го организирал летот и зошто тој што го направил тоа обезбедил авион со еден мотор да лета навечер во такви услови?
3. Кој одлучил Сала да се качи во авионот?
4. Зошто сопственикот на авионот не сака да се огласи?
5. Дали авионот имал дозвола за превоз на патници?
6. Дали пилотот Дејв Иботсон имал дозвола за превоз на патници?
7. Дали Сала бил во сопственост на трето лице
8. Дали претходниот клуб на Сала (Бордо) има 50% од трансферот како дел од клазула во договорот постигнат за трансферот во Нант во 2015 година?
9. Што менаџерот Мекеј изоставил?
10. Дали заработката на Мекеј од трансферот како провизија требало да биде поделена на други лица и ако да кои се тие лица?
Менаџерот Мекеј на Сала во хотелот му порачал дека има обезбеден приватен лет до Нант и назад.
Сала го прашал: Колку треба да платам за ова? На тоа добил одговор: Ништо, доколку ми помогнеш да постигнувам голови (синот на Мекеј разговарал со Сала тој е играч во вториот тим на Кардиф). Повеќе за пораките помеѓу Сала и организаторот на летот можете да прочитате – тука.