Повлекувањето на долгогодишниот главен спонзор на Кјелце, ВИВЕ беше тежок удар за клубот.
Првиот човек на клубот на прес-конференцијата пред два дена го соопшти заминувањето на компанијата ВИВЕ. Во таа прилика тој упати апел до фановите колку што можат да помогнат во финансирањето.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Неговиот повик не беше залуен на отворената сметка за само 48 часа се собраа 100.000 злоти, односно нешто помалку од 25.000. Тоа и понатаму е сума која не може да ги задржи ѕвездите, но е доказ дека Кјелце има верни навивачи. Според она што се пишува таа сума е само дванаесетти дел од она што е потребно да се задржат најважните ракометари.
Ситуацијата во Кјелце сигурно ја следи и Вардар. Црвено-црните се спремни да реагираат ако полскиот тим се реши да го продаде миленикот на Скопје, Игор Карачиќ.