Бразилскиот фудбалер, Фелипе Кутињо ги демантираше информациите дека во натпреварот Барселона – Селта одбил да влезе во игра од клупата за резерви.
Во одличен натпревар Барселона и Селта ги поделија бодовите 3:3, а откако судијата означи крај во шпанските медиуми се појави информација дека Кутињо одбил да влезе во игра. Но, бразилскиот фудбалер ги демантираше тие информации истакнување дека никогаш во кариерата не се однесувал професионално.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Бев многу изненаден кога ја видов таквата вест затоа што никогаш во кариерата не сум покажал непрофесионалност. Каде и да бев, секогаш се однесував со почит. Новинарите секогаш веруваат многу работи“, истакна Кутињо дека му е тешко да се врати после повредата.
„Тешко е да се пропушти толку долг период, но се чувствувам добро. Сега сум во нормална физичка состојба и не чувствувам болка. Сега е време да ја пронајдам својата најдобра форма“, заврши Бразилецот.
Ќе потсетиме, оваа сезона 29 годишникот во дресот на Барселона одигра 11 натпревари и постигна еде нгол.