Новата ѕвезда на Барселона Фелипе Кутињо кој неодамна потпиша договор со Барселона за сума рекордна сума се врати во Ливерпул.
Бразилецот доби дозвола од својот клуб и со приватен авион отпатува во Ливерпул со цел да се збогува со своите поранешни соиграчи бидејќи не успеа да го направи тоа во деновите кога трансферот се завршуваше.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Кутињо изминатата вечер пристигна во кампот на „црвените“, а како што наведуваат медиумите тој ќе организира и мала проштална забава на која ќе бидат поканети сите фудбалери на клубот и тренерот Јирген Клоп.
Меѓутоа не е јасно кога ќе биде одржана оваа забава бидејќи Ливерпул вечерва го игра натпреварот против Хадерсфилд, а Кутињо мора брзо да се врати во Барселона бидејќи Каталонците во четврток ги очекува натпреварот против Валенсија во шпанскиот куп.