Дома Трансфер зона Кутињо може да си замине, Ливерпул пронајде замена за него?

Кутињо може да си замине, Ливерпул пронајде замена за него?

Пред неколку дена во шпанските медиуми се појави вест дека Филипе Кутињо го договорил трансферот во Барселона на крајот на сезоната.

Бразлискиот играч е моторот во играта на Ливерпул веќе неколку сезони, а со своите одлични натпревари се најде на метата на многу гиганти. Меѓутоа, доколку можеме да веруваме на шпанските медиуми, Кутињо одлучил кариерата да ја продолжи во Барселона.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Иако од Ливерпул не сакаат ништо да коментираат, изгледа дека веќе работаат на тоа да најдат соодветна замена за најважниот играч. „The Sun“ утрово објави дека Јирген Клоп веќе ја направил листата на играчи кои би сакал да пристигнат на „Енфилд“ во случај Кутињо да си замине.

Еден од нив е напаѓачот на Гремио, Луан, кој спортската јавност го откри на последните Олимписки игри. Овој 24-годишен фудбалер има неколку понуди од Европа, но изгледа дека Ливерпул е најблиску до неговиот потпис. Според истиот извор, овој играч би го чинел Ливерпул околку 30 милиони фунти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Бензема се враќа во Европа

Карим Бензема по само неколку месеци поминати во Саудиска Арабија би можел да се врати во …