Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа се очекува да биде подготвен за настап на „Ел Класико“ кое е на програмата овој викенд.
Карло Анчелоти потврди дека Куртоа ќе го пропушти дуелот со Шахтјор во ЛШ, но ги израдува фановите дека ќе се врати за најважниот дуел во сезоната.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Наша задача е да ги опоравиме играчите и денешниот тренинг е многу важен. Фудбалерите не сакаат ротации и се лутат, но на теренот секогаш реагираат позитивно. Не постои некој кој си дозволува да се опушти. Сите ги почитуваат моите одлуки. Можеш да му се лутиш на тренерот, но не и на личноста“, изјави Анчелоти.
„Се уште не сум одлучил кој ќе биде стартер против Шахтјор. Винисиус игра на сите натпревари, допрва треба да го одморам. Сепак, Бензема ќе игра бидејќи во неделата доби одмор. Азар? Можеби ќе започне, можеби не. Куртоа сега е подобар и во четврток ќе почне да тренира за да биде подготвен за Ел Класико“, објасни италијанскиот стратег.