Реал Мадрид вчера претрпе убедлив пораз од Барселона во големото „Ел Класико“. Барселона го понижи Реал на „Бернабеу“ со 0:4, а според шансите победата можеше да биде и поубедлива.
Свесен дека неговиот тим одигра многу послабо од очекуваното ниво е и голманот Тибо Куртоа.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Мораме да сенеме и да зборуваме за тактиката, не јавно туку во соблекувалната. Она шго го игравме посебно во второто полувреме е за секоја критика. На полувремето се договоривме да нападнаме, а само по 10 секунди Феран Торес излезе во ситуација еден на еден. Не можевме ништо да направиме, бевме немоќни“.
Реал овој натпревар го играше без класичен напаѓач затоа што Бензема беше повреден.
„Почетокот на натпреварот не беше лош. Валверде не успеа да го совлада Тер Штеген и поата се тргна во надолна линија“, изјави Куртоа.