Дома Фудбал Куртоа се огласи по новата тешка повреда: Тажен сум…

Куртоа се огласи по новата тешка повреда: Тажен сум…

Чуварот на мрежата на Реал Мадрид во текот на вчерашниот ден заработи нова повреда, сега на менискусот и тоа за него значи крај на сезоната.

Куртоа беше во процес на рехабилитација и во април требаше да се врати на терените по операцијата на лигаментите која му беше направена во август. Сепак, сега го повреди менискусот на другото колено.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Белгискиот голман признава дека е разочаран од ситуацијата, но не ја губи мотивацијата и порача дека ќе се врати посилен. Анчелоти сигурно нема да може да смета на него за натпреварите од пролетниот дел од сезоната.

„Навистина сум тажен, повеќе од било кога. Сепак, верувам дека ќе се вратам и посилен. Чувствувам дека ја имам вашата поддршка“, изјави Куртоа.

Во целата ситуација добра работа за Реал е што во одлична форма брани Украинецот Лунин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бове пуштен од болница

Играчот од средниот ред на Фиорентина, Едоардо Бове, е отпуштен од болница по операцијата …