Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Куртоа: Не може да бидеме златна генерација кога не сме освоиле ништо

Куртоа: Не може да бидеме златна генерација кога не сме освоиле ништо

Репрезентацијата на Белгија е едно од најголемите разочарувања на Светското првенство во Катар, откако не успеа да ја помине ниту групната фаза.

Белгија едвај победи против Канада, а потоа претрпи пораз од Мароко и ремизираше со Хрватска, па мораше експресно да си замине од Катар.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Меѓу оние кои беше најразочаран поради резултатите е голманот Тибо Куртоа, кој истакна дека ова повеќе не може да се нарекува „златна генерација“.

„Никој не треба повеќе да не нарекува така. Никој не може да не нарекува „златна“ генерација кога ништо не сме освоиле. Ние не сме „златна“ генерација. Ние сме генерација со многу таленти и одлични фудбалери, кои играат во најголемите европски клубови. Малку е срамно за ваков тим со постигнатите резултати во Катар“, смета Куртоа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Донарума го контактира новиот селектор на Италија

Италија е една од репрезентациите која оваа година нема да учествува на Светското првенств…