Голманот на Белгија, Тибо Куртоа, ги дочека своите пет минути радост. Со месеци беше мета на критика на јавноста и навивачите, како во земјата така и во Англија, но се му е простено синожа по фантастичната одбрана кога се фрли како мачка и го спречи ударот на Нејмар пред почетокот на судиското продолжение.
Цела измината сезона во Премиер лигата не му беше лесна. Дел и поради константните шпекулации околу преминување во Реал кои постојано се појавуваат.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Знаев дека Нејмар обожава да заврти така непријатно да оди под пречката, бев подготвен за добрата одбрана. Бев и неправедно критикувам оваа година. Многу пати. Сега покажав кој сум и зошто сум овде“, истакна Куртоа.
Високиот чувар на мрежата е полн со самодоверба по победата над Бразил.
„Се беше фантастично. Нашата стратегија беше фантастична. чувствував дека петок е наш денес. Го остварив сонот од детството. Не само да дојдам на СП туку и да победам и да направам голем резултат. Неверојатно. Овој тим сака да победува во секој меч, дури и против Англија кога не советуваа како треба да изгубиме, ние победивме. Тоа е затоа што веруваме во себе“, заклучи Куртоа.