Дома Фудбал Лига на шампиони Куртоа блескаше во финалето, а бранел – повреден!

Куртоа блескаше во финалето, а бранел – повреден!

Реал Мадрид со победата против Ливерпул во саботата ја освои 14-тата титула во Лигата на шампионите. Единствениот гол на натпреварот беше дело на Винисиус Жуниор, но големи заслуги за триумфот има и голманот Тибо Куртоа кој правеше чуда.

Куртоа имаше девет чисти одбрани, а некои од нив беа навистина тешки. Сега „Марка“ пренесува информација дека Куртоа пред финалето имал проблеми со препоните и играл повреден, сепак очигледно дека таа повреда не влијаела на беглискиот голман.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сега Куртоа го очекуваат обврски за репрезентацијата на Белгија, меѓутоа лекарскиот тим на репрезентацијата бил известен за ситуацијата и повредата, па во наредните денови ќе биде одлучено дали ќе може да помогне на својата репрезентација или пак ќе добие одмор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…