Дома Македонски спорт Мак фудбал КУП: Тотре го „реши“ Гостивар, Шкупи и Македонија Ѓ.П убедливи, Серафимов го елиминираше Вардар Вардар

КУП: Тотре го „реши“ Гостивар, Шкупи и Македонија Ѓ.П убедливи, Серафимов го елиминираше Вардар Вардар

Денес се одиграа натпреварите од осминафиналето во македонскиот куп.

Екипата на Шкендија минимално со 1:0 славеше победа над Гостивар. Тетовци поради новиот систем на натпреварувањето го прескокнаа првото коло, а денес ја оправдаа улогата на фаворит и го совладаа Гостивар.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ждрепката одлучи Шкендија да биде домаќин, меѓутоа бидејќи стадионот во Тетово се игра натпреварот се играше во Гостивар. Шкендија од самиот старт ја наметна својата игра, а голот на одлука го постигна Тотре од пенал после само 15-тина минути игра.

Вардар кој сезонава со оглед на составот во кој игра не е фаворит против никого добро се држеше против Академија Пандев, но Струмичани со гол во 92. минута стигнаа до победа и пласман во следната фаза.

Шкупи во првото полувреме ја заврши работата против Кит Го Пехчево. По само пет минути игра во овој дуел Шкупи водеше со 2:0. Нето отвори во 3. минута, додека Билали си постигна автогол две минути подоцна. До крајот на првиот дел Глишиќ и Адеми погодуваа за 4:0. Конечните 5:0 ги постави Гоудијаби во 51. минута.

Македонија Ѓорче Петров со убедливи 6:0 ја совлада Каменица Саса. Домаќините натпреварот го решија со три гола во првиот и три гола во вториот дел.

Во прволигашката пресметка Ренова на пенали беше подобра од Пелистер откако после регуларниот дел беше 2:2.

КУП РЕЗУЛТАТИ:

Академија Пандев – Вардар 1:0

Брегалница – Беласица 0:1

Кожув Гевгелија – Силекс 1:3

Македонија Ѓ.П – Каменица Саса 6:0

Ренова – Пелистер 2:2 (6:5)

Шкендија – КФ Гостивар 1:0

Шкупи – Кит Го Пехчево 5:0

Струга Трим Лум – Работнички 0:0 (4:3)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…